Конгрес Перник - Бугарија

Се потпиша договорот за одржување на 32 Конвенција на Европската Федерација на Карневалски Градови- FECC помеѓу градоначалникот на општина Прилеп - Марјан Ристески и претседателот на FECC – Хенри Ван Дер Крон. Свечениот чин се случи на манифестацијата Diеs Natalis, која се одржа во Перник, Бугарија 23-25 септември. Делегацијата од општина Прилеп и од организациониот одбор на карневалот ја презентираше програмата за 32 Конвенција на FECC и со тоа официјално започнаа активностите околу подготовката на Конвенцијата на Федерацијата на Европските Карневалски Градови, чиј домаќин е општина Прилеп во периодот од 26 мај до 03 јуни 2012.

Галерија од Перник - Бугарија: